Балотели: Невидлив ли сум? Како може да велите дека не доаѓам на тренинг!

by
1 минути читање

Марио Балотели повторно е во центарот на вниманието по нефудбалски работи. Се пишуваше дека пропуштил тренинг на Бреша поради што го налутил раководството на клубот.

Тој негира дека е така, но информациите се гласни дека клубот ќе му го раскине договорот.

„Како можете да пишувате дека не сум на теренот за тренинг? Има новинари на сите мои тренинзи, таму се со нивните камери. Доаѓам на тренинг два пати дневно речиси секој ден! Како можете да го негирате тој факт? Мислам дека не сум фантом, не сум невидлив за камерите“, реагираше Балотели преку својот инстаграм профил.

Претседателот на Бреша, Масимо Селино неколку пати повтори во изминатите денови дека било грешка тоа што го купиле Балотели. Напаѓачот испрати предупредување дека неговото ќе го каже кога ќе дојде време.

„Во вистинско време, прецизно ќе објаснам се и тогаш ќе разберете“, вели Балотели.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×