Марио Балотели повторно се најде во центарот на вниманието, овојпат со интервју за „Гардијан“ во кое зборуваше за проблемите на италијанскиот фудбал.
Искусниот напаѓач, кој денес настапува за Ал Итифак во Обединетите Арапски Емирати заедно со својот брат Енок Барвуах, смета дека Италија не успева да се пласира на Светските првенства поради промените во начинот на живот и воспитувањето на младите, а не поради тактичките недостатоци.
„Компјутерите, телефоните и Плејстејшн уништија многу работи. Најмногу се промени менталитетот на родителите. Денес дете од седум години тренира два часа на секои три дена. Ние на тие години имавме организирани тренинзи, но потоа уште три часа дневно игравме во парк, што ни беше дополнителен тренинг, но и забава. Вистинските таленти се раѓаат на улица и во парк“, порача Балотели.
Според него, денешните млади фудбалери прерано добиваат чувство дека се големи ѕвезди, особено поради бројните видеа и содржини на интернет.
Балотели направи споредба со својата генерација, која, како што вели, морала да го покажува талентот директно на теренот и во дуели со постари и поискусни деца. Токму тие улични натпревари, според него, биле клучни за развојот на вистинските фудбалски вештини.