Балотели ем направи хаос во Бреша ем бара оштета од 400.000 евра зошто бил навреден

by
1 минути читање

Проблематичниот
напаѓач минатото лето потпиша за Бреша, требаше да биде трансфер од соништата,
да го облече дресот на клубот од градот на родителите кои го посвоија и
израснаа.

Но очигледно Марио
Балотели не може да седи мирен, па минатата недела пукна тиквата а првиот човек
на Бреша, Масимо Челино изјави дека направил голема грешка кога го ангажирал
голгетерот.

Се почна на 26. мај,
кога Марио Балотели не се појави на тренинг. Следеше препукување преку
медиумите и неуспешен обид на Челино лице во лице со фудбалерот да ги испеглаат
недоразбирањата.

Италијанецот беше
казнет и принуден да тренира сам, па беа замешани и адвокатите. Марио Балотели испратил
писмо и побарал да му биде дозволено да тренира со останатите играчи од првиот
тим.

Неколку извори пишуваат
дека тој дури и побарал оштета од 400.000 евра за третманот кој го добил
изминатава недела, односно се почувствувал навреден.

Се верува дека
Масимо Челино сака мирољубиво решение, но е подготвен и на судска завршница. Бреша
има докази дека Марио Балотели се однесувал непрофесионално за време на
карантинот и не ги одработувал вежбите кои ги изготвиле и препишале фитнес
тренерите. Ако на ова се додаде и неоправданото отсуство од тренинг, „бјанкоаѕурите“
сметаат дека има доволно елементи за едностран раскин на договорот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×