По официјалната потврда дека ќе се раздели со Реал Мадрид по завршувањето на сезоната, хрватскиот ветеран Лука Модриќ добил неочекувана понуда од словенечката Олимпија Љубљана, пренесуваат медиумите од оваа земја.
Како што се наведува, челниците на Олимпија веќе стапиле во контакт со 38-годишниот играч за врска, но шансите Модриќ да облече дрес на клубот од Љубљана се минимални. Искусниот Хрват се поврзува со неколку други опции, меѓу кои клубови од Саудиска Арабија, но и со својот матичен клуб Динамо Загреб, кој покажува сериозен интерес да го врати во своите редови.
Интересно е што ова не е прв обид на некој словенечки клуб да го ангажира Модриќ. Минатата сезона слична амбиција имаше и Целје, но трансферот тогаш не се реализираше.
Последните натпревари во дресот на Реал Мадрид, Модриќ ќе ги одигра во јуни на Светското клупско првенство.
Фото: Real Madrid C.F/FB