Балардини: Не сум загрижен, но сум многу, многу лут

by
1 минути читање

Џенова е на претпоследното место во Серија А со само 6 освоени бода од 9 натпревари. Синоќа беа поразени на гостувањето кај Торино со 3-2.

Балардини е под притисок, неговото столче се тресе, можно е да добие отказ.

Најголем проблем на Џенова е одбраната, само Специја има повеќе голови примено од нив. Што се однесува до нападот, тие се шесто место по број на дадени голови, што е солиден учинок.

„Направивме некои сериозни грешки. Торино е силен тим и ако правите грешки против нив ќе платите. Ние имавме повеќе шанси“, вели Балардини.

„Многу сум лут бидејќи ги знам фудбалерите кои ги имаме, знам какви луѓе се, ги знам нивните технички квалитети. Тренираме и работиме напорно преку неделата и не е добро кога ги правиме овие грешки на натпреварите“.

„Многу, многу сум лут. Посебно на себе. Не сум загрижен, никогаш не сум бил, но сум многу лут“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани