Бака: Погрешив, ќе купам вечера за целиот тим

by
1 минути читање

Бака беше изваден во 73. минута од натпреварот помеѓу Милан и Сампдорија, тој нервозно ја прими одлуката на тренерот Монтела, по што медиумите јавија за тензија меѓу тренерот и фудбалерот.

„Немам никакви проблеми со тренерот“ – изјави Бака за телевизијата на Милан.

„Едноставно се случи, тој ме извади, јас бев лут бидејќи губевме и сакав да останам на теренот и да му помогнам на тимот“.

„Тоа беше негова одлука, мене ме понесе адреналинот на натпреварот, но потоа се беше во ред, зборував со него утринава. Имам почит за неговите одлуки и продолжувам да работам“.

„Му кажав на тренерот дека направив грешка, зборував и со моите соиграчи и ќе платам вечера за тимот. Решив да го направам тоа бидејќи во тимот владее единство“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани