Бајката на Лестер се уште трае (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Лестер слави голема победа над Севиља, англискиот сензационален шампион го продолжува настапот во елитата откако со вкупни 3:2 ја елиминира екипата од Андалузија.

Резултатот беше отворен во 27. минута кога по еден центаршут од слободен удар, топката дојде до Вес Морган кој ја смести за водство на Лестер од 1-0. 

По десет минути игра во вториот дел, една топка начека Олбрајтон, биеше силно и го зголеми водството на домаќините на 2-0.

На 15. минути до крајот Насри заработи втор жолт картон и Севиља остана со играч помалку, но веќе во 80. минута имаа можност од пенал да намалат, Незонси не го реализираше ударот од белата точка.

Лестер заслужено слави голема победа и продолжување на патот во Лигата на шампионите, Севиља може да се фокусира на домашниот шампионат.

Јувентус уште еднаш го победи Порто, овој пат со минимални  1-0 и со вкупни 3-0 се пласира меѓу осумте најдобри.

Клучниот момент на мечот се случи на пет минути пред крајот на првото полувреме кога Переира направи пенал и доби директен црвен картон, а Дибала погоди од белата точка за победа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани