22 годишниот
Французин важи за еден од најперспективните играчи, Баерн во него гледа
наследник на Франк Рибери и идна ѕвезда, но во последно време тој никако да крене
глава од повреди.
Во првиот меч од
Бундеслигата оваа сезона, Кингсли Коман го повреди скочниот зглоб, мораше да
оди под нож и пропушти три месеци. Офанзивниот фудбалер се врати на терените на
почетокот од месецов, но очигледно психолошките последици се уште се присутни па
тој размислува за пензија доколку ја обнови повредата.
„Нема да прифатам трета операција на скочниот зглоб. Што е многу, многу е.
Можеби моето стапало не е создадено за ова ниво. Доколку е така, ќе живеам друж
живот, како анонимец“ – вели Кингсли Коман.
Коман ги оштети
лигаментите на скочниот зглоб и на стартот од годината, и тогаш паузираше
неколку месеци и го пропушти Светското првенство каде токму неговата Франција
стигна до златото.
„Ова беше
навистина тешка година, не би сакал повторно да ја искусам, кога се повредив, тоа
за мене беше крајот на светот“.