Баерн веќе го направил првиот чекор за Иско?

by
1 минути читање

Баерн Минхен,
според информациите кои ги пренесе Билд, веќе го направил првиот чекор во
обидот да стигне до потписот на ѕвездата на Реал Мадрид, Иско.

Фудбалерот од
средниот ред на Кралевите извесно е дека не е во плановите кај новиот тренер
Сантијаго Солари, кој дури и го изоставува од составот на својата екипа за
натпреварите, а германскиот весник пишува дека Баерн Минхен сериозно размислува
да ја искористи таа ситуација во таборот на европскиот шампион.

Опција за Иско е
воедно и Јувентус, за што пренесе Тутоспорт, Старата дама од поодамна се
шпекулира дека има голем интерес да го ангажира 26 годишниот репрезентативец на
Шпанија.

Баерн Минхен веќе
има еден фудбалер од Реал Мадрид во својот состав, но, како позајмен, но, се
погласни се шпекулациите дека Баварците нема да го откупат договорот на Хамес
Родригез на крајот од сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани