Баерн Минхен во
неколку наврати порача дека Роберт Левандовски ќе ја одработи последната година
од договорот, но речиси секој ден има гласини за преселба на напаѓачот во
Барселона уште ова лето.
Последните
информации велат дека Јулијан Нагелсман се подготвува за живот без Полјакот и
ќе го менува стилот на игра. Младиот стратег планира да го копира Пеп Гвардиола
и ќе форсира тактика без класична „9-ка“ но со многу мобилни и брзи офанзивци кои
се способни да направат хаос во шеснаесетникот на противникот.
Во таа насока оди
и планот за ангажман на Садио Мане, кој не е класичен напаѓач и не може да биде
директна замена за Роберт Левандовски.
Дури и да
пристигне Саша Калајџиќ, напаѓачот нема да биде стартер и ќе се користи како план
Б доколку работите не одар според планот и треба да се промени текот на натпреварот со присуство на силен напаѓач во шеснаесетникот.