19 годишниот Карим
Адејеми е новата ѕвезда на РБ Салцбург, со своите одлични настапи го привлече
вниманието на гигантите ширум Европа и веќе дебитираше во сениорската
репрезентација на Германија.
Баерн Минхен е еден
од клубовите кои сакаат да договорат трансфер уште во јануари, но „баварците“
ќе треба да платат многу пари за да исправат една грешка од пред три години.
„Трансферот
требаше да чини 3 милиони евра, што во тоа време беше многу за 16 годишно
момче. Не бевме подготвени да платиме толку многу“ – вели поранешниот генерален
извршен директор, Карл Хајнц Румениге.
„Добро напредуваше,
го гледав неговиот настап во дресот на Германија и неговиот последен натпревар
во Лигата на шампионите. Се работи за интересен фудбалер. Ќе треба да почекаме
и да видиме што ќе се случи, но едно е јасно, сега ќе треба да се додаде една нула на сумата од пред три години“.
Се шпекулира дека
РБ Салцбург бара помеѓу 30 и 35 милиони евра за да се раздели од перспективниот
играч.