Барса не можеше
до чудо во Минхен, „каталонците“ мораат да се помират со реалноста и за прв пат
по 20 години да не бидат дел од нок-аут фазата во Лигата на шампионите.
Вечерва Баерн
беше пресилен, Милер донесе водство во 34. минута, за Сане во финишот на првиот
дел да испрати „проктил“ од 25 метри и да зголеми на 2-0.
Во 62. минута,
Мусиала ги постави конечните 3-0 и ја испрати Барселона во Лига Европа.
Бенфика откако го
преживеа Камо Ноу пред две недели, вечерва рутински со 2-0 го совлада Динамо
Киев и го обезбеди второто место во групата.
Пласман во
осминафинале обезбедија и Салцбург и Лил откако вечерва ги добија директните
пресметки со Севиља, односно Волфзбург.
Последниот патник
ќе биде познат утре, снегот го одложи мечот помеѓу Аталанта и Виљареал во
Бергамо.