2,2K
Иднината на
Роберт Левандовски останува една од топ темите, Полјакот се врати на тренинзите
на Баерн Минхен но се чини дека неговите денови на „Алианц Арена“ се одбројани.
Како што
пренесува Спорт1, Баерн Минхен се сомнева во ликвидноста на Барселона и планот
на „каталонците“ да го сервисираат долгот. „Баварците“ стравуваат дека финансиските
проблеми на клубот само ќе се продлабочат во иднина, па бараат трансфер сумата да
биде платена веднаш, или најголемиот дел од сумата да биде платен веднаш.
Спорт1 додава
дека шампионот на Германија преферира да го продаде Роберт Левандовски на ПСЖ
или Челси поради финансиската моќ на овие два клуба.
Сепак, Роберт
Левандовски на ум има само трансфер на Камп Ноу.