Баерн од „кец во два“ и со 7+ победи на гости кај Мајнц! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Баерн Минхен приредија неверојатен пресврт и со 3-4 славеа на гостувањето кај Мајнц, иако по првото полувреме имаа негатива од 3-0 иако веќе ја обезбедија титулата во Бундеслигата.

Домашните изненадија со три гола преку Кор, Небел и Невенс во првиот дел и делуваше дека бодовите ќе останат кај нив, но во продолжението следеше целосен пресврт. Николас Џексон прв погоди за баварците, а по него Мајкл Олисе намали на 3-2. Израмнување донесе Џамал Мусијала, па само неколку минути подоцна, Хари Кејн го комплетираше пресвртот за нов триумф на баварскиот гигант.

На останатите натпревари, Баер Леверкузен славеше на гости кај Келн со 2-1, со двата гика Патрик Шик и се доближи до позициите што водат во Лигата на шампионите. Победа забележа и Хајденхајм против Сент Паули со 2-0, додека Аугзбург и Ајнтрахт Франкфурт одиграа 1-1. Без голови заврши дуелот меѓу Волфсбург и Борусија Менхенгладбах.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×