Баерн не би платил 100 милиони за старецот Роналдо, но подготвува 150 милиони за две млади ѕвезди на Ајакс

by
1 минути читање

ЦР7 го направи
најголемиот трансфер изминатово лето кога Јувентус на Реал Мадрид му плати 100
милиони евра. Зделката беше изненадување за многумина, и привиот човек на Баерн
Минхен, Ули Хенес сега вели дека тие никогаш не би платиле ваква сума поради
годините на Португалецот. 

„Со затворени очи
ќе платевме 100 милиони евра доколку имаше 24 години, но нема шанси да одвоиме
ваква сума сега кога има 33 години“
– вели Ули Хенес.

Се очекува
„Баварците“ по крајот на сезоната да направат голема реконструкција и да го подмладат тимот.
На располагање ќе имаат трансфер буџет преку 200 милиони евра, а според Билд, најголем дел од
оваа сума може да заврши на сметката на Ајакс.

Весникот пренесува
дека Баерн е подготвен да одвои 150 милиони евра за младите ѕвезди Матајс де
Лихт и Френки де Јонг. Но ваквата луда сума не му гарантира ништо на шампионот
на Германија бидејќи дефанзивецот и фудбалерот од средниот ред подолго време се
на радарот на гигантите ширум Европа кои исто така се подготвени да платат
слични бројки за новите бисери од школата на клубот од Амстердам.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани