Баерн му верува на Ноер: Ветеранот потпиша нов договор

by Стефан
1 минути читање

Германскиот ветеран Мануел Ноер денеска стави потпис на нов договор со Баерн кој ќе има важност до крајот на наредната сезона.

Баерн пред само една недела во своите редови го доведе младиот 21-годишен чувар на мрежата, Џонас Урбит, но сепак Ноер и понатаму ќе остане прв избор на голот.

Во Баерн имаат намера Урбит кој пристигна од Келн да учи и расте покрај Ноер, а по неговото заминување да го наследи.

На голот на Баерн, Ноер е од 2011 година, а во кариерата бранеше само уште за Шалке. Вкупно во кариерата дресот на германскиот гигант го носеше на 547 натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани