Баерн Минхен во 90. минута се спаси од пораз во Салцбург (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Поразот од Бохум во Бундеслигата како да го разниша малку Баерн Минхен, и малку фалеше Салцбург да го искористеше тоа и да дојдеше до изненадувачка победа.

Резултатот беше отворен во 21. минута кога Адаму постигна гол за водство на домашниот тим од 1-0.

Баерн Минхен се обидуваше да дојде до израмнување, но тоа го направи пред самиот крај на натпреварот. Во 90. минута Коман постигна гол за конечни 1-1.

Баварците остануваат големи фаворити во реваншот, но денешниот резултат им е добра лекција дека не смеат да се опуштат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×