Баерн Минхен со реми во Менхенгладбах ја почна новата сезона во Бундеслигата, Нагелсман никако да победи (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Нагелсман не ја започнува најдобро тренерската авантура на кормилото на Баерн Минхен. Ќе почека за својата прва победа како тренер на Баварците.

Во подготовките имаше три порази и едно реми, а сезоната во Бундеслигата ја стартуваше со бод.

Менхенгладбах поведе уште во десетата минута со гол на Плеа, Левандовски во 42. минута изедначи на 1-1, што беше еи конечен резултат.

Шанси за победа имаа и двете екипи, но не беше постигнат и трет гол на натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×