Баерн Минхен по десетти пат во низа ја освои Бундеслигата, Баварците срушија голем рекорд (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Баерн Минхен и оваа сезона ја продолжи доминацијата во Германија која трае многу долго време. Судбината сакаше со дерби меч против Борусија Дортмунд да ја заверат новата шампионска титула.

Баерн Минхен стана првиот тим во најдобрите пет лиги кој десет пати по ред го освојувал домашното првенство. Претходно рекордот го делеше со Јувентус со кој имааа по девет титули по ред. 

Резултатот го отвори Гнабри уште во 15. минута од натпреварот, а во 34. минута Левандовски зголеми на 2-0.

По седум минути игра во второто полувреме Емре Џан од пенал намали на 2-1 и ја врати Борусија Дортмунд во игра, но на седум минути пред крајот Мусиала ги постави конечните 3-1.

По последниот судиски свиреж почна големото славје со традиционалното туширање со пиво.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×