Баерн Минхен мака мачи да донесе засилувања во тимот

by
1 минути читање

Германскиот првак
Баерн Минхен се соочува со комплициран период во обидите да ги доведе во својот
тим посакуваните засилувања, а најголемата причина за таквата ситуација секако
е пандемијата со коронавирусот која значително ги погоди клубовите од
финансиски аспект.

Не можеме да ги
трошиме сите пари кои посакуваме да ги потрошиме
“ рече Нагелсман во пресрет на
дуелот од Суперкупот против Борусија Дортмунд, предвиден да се одигра утревечер
со почеток од 20,30 часот.

Сепак, доколку
сумираме, имаме добар состав, меѓутоа се случуваат повреди…
“ додаде тој
алудирајќи на повредите со кои се соочија Павард, Дејвис, но и Ернандез.

Доколку ги
проследиме последните две сезони, ние загубивме многу фудбалери, а не е воопшто
лесно да се пронајдат засилувања, особено квалитетни, трансфер пазарот во
моментов е доста тежок, едноставно не можеме да трошиме многу пари
“ заклучи
предводникот на „Баварците“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×