Баерн Минхен ја завери шампионската титула во Германија (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Најтрофејниот тим во Германија, Баерн Минхен го победи Штутгарт со 4-2 и стана шампион по 35. пат во историјата.

„Баварците“ се недостижни за своите ривали со четири кола до крајот бидејќи ѝ избегаа на второпласираната Борусија Дортмунд со 15 бода. Ова е првиот трофеј обезбеден за баварската машина, а остануваат уште два – Купот на Германија и најважниот, во Лигата на шампионите. Во двете натпреварувања, Баерн игра во полуфиналето.

Пред преполната „Алијанц Арена“ денеска гостите од Баден-Виртемберг поведоа во 21. минута преку Фихрих, но потоа следуваше препознатливиот напаѓачки ритам на Баерн кој постигна три гола помеѓу 31. и 37. минута. Во тој интервал, Гереиро, Џексон и Дејвис постигнаа голови, а потоа можеше да започне големата прослава. Немилосрдниот Хари Кејн стави крај на голгетерската суша со својот 32-ри гол во сезоната.

Штутгарт ја искористи славеничката атмосфера во Минхен на крајот од натпреварот и само го ублажи поразот преку Андрес.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×