Баерн Минхен им се приклучи на Манчестер Сити и Јувентус во битката за Иско

by
1 минути читање

Баерн Минхен им
се приклучи на Манчестер Сити и Јувентус во трката за потписот на плејмејкерот
на Реал Мадрид, Иско, според известувањата од Шпанија.

26 годишниот
фудбалер на Кралевите се шпекулира дека не е во добри односи со новиот тренер
на тој клуб, Сантијаго Солари, а тој беше еден од неколкутемина во
соблекувалната на шпанскиот гигант кои не се согласуваа со тоа да му се врачи
отказ на Хулен Лопетеги.

Репрезентативецот
на Шпанија иако забележа настап во Купот вчера, каде Реал Мадрид со 6-1 беше
подобар од Мелиља, а тој постигна два гола на мечот, но, претходно немаше
настап цели седум натпревари.

Извесно е дека
Баерн Минхен нема да ја искористи опцијата целосно да го откупи договорот на
Хамес Родригез, неговата позајмица во Бундеслигашот од редовите на Реал Мадрид
истекува идното лето, а се чини дека Иско е прва опција за Баварците за тоа
како да се пополни дупката која би ја оставил Колумбиецот со неговото
евентуално заминување.

Се шпекулира дека
освен Манчестер Сити, интерес за Иско има од уште три Премиерлигаши, и тоа
Арсенал, Челси и Ливерпул.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани