Баерн Минхен нема намера да биде дел од Суперлигата, велат дека фановите се против таа идеја и тие го почитуваат нивното мислење.
„Нашите членови и фанови ја одбиваат Суперлигата. Имаме прекрасно и полно со емоции натпреварување како што е Лигата на шампионите и заедно со УЕФА ќе го развиваме. Баерн вели не на аСуперлигата“, изјави претседателот на клубот, Хербет Хајнер.
„Во име на бордот, би сакал јасно да кажам дека Баерн Минхен нека да биде дел од Суперлигата. Баерн Минхен останува солидарен со Бундеслигата. Секогаш ни било големо задоволство и ќе ни биде да ја претставуваме Германија во Лигата на шампионите. За Баерн ЛШ е најдоброто клупско првенство во светот“, рече извршниот директор на клубот, Карл Хајнц Румениге.
И претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи изјави дека е против Суперлигата.
„ПСЖ има став дека фудбалот е спорт за сите. Во таа мисла сум константен од самиот почеток. Мораме да запаметиме дека ние како фудбалски клуб сме фамилија и заедница на која срцето се нашите навивачи, мораме да го запаметиме тоа. Ние ќе продолжиме да работиме со УЕФА и Европската клупска асоцијација и ќе ги делиме принципите за добра верба, дигнитет и почит он другите“, вели Ал Келаифи.