Како што пренесува Скај Германија, постои цена по која „баварците“ би биле подготвени да седнат на маса и да преговараат за трансфер на Мајкл Олисе, но сумата мора да биде преку 200 милиони евра.
Минатата недела се вжешти претседателската трка во Реал Мадрид откако Енрике Рикелме најави трансфер бомба и ангажман на Ерлинг Халанд од Манчестер Сити.
Во својот одговор, Флорентино Перез одби да открие конкретно име, но порача дека ќе понуди рекордни 150 милиони евра.
Изминативе денови имаше многу шпекулации за тоа кој би можел да биде новиот „галактико“ и Мајкл Олисе се најде во преден план, иако беа спомнати и Витиња и Жоао Невеш, како и Хулијан Алварез.
Од таборот на Баерн Минхен веднаш порачаа дека Французинот не е на продажба, но последните информации велат дека пости цена по која „баварците“ би биле подготвени да седнат на маса.
Како што пренесува Скај Германија, клубот би размислил за продажба на Мајкл Олисе само доколку пристигне понуда поголема од 200 милиони евра.
Тоа практично значи дека Баерн Минхен нема намера да се раздели со својата ѕвезда освен ако не добие историска сума, и Мајкл Олисе да стане најскапиот фудбалер во историјата, надминувајќи го трансферот на Нејмар вреден 222 милиони евра.
Останува да се види дали Флорентино Перез е подготвен да плати ваква сума.