Баерн ја одби и третата понуда на Барса за Левандовски, за продажба потребни се најмалку 50 милиони

by
1 минути читање

Барселона доби
ново НЕ од Баерн Минхен, како што пренесува Билд, „каталонците“ понудиле 40
милиони евра, плус додатни 5 милиони евра во бонуси за трансфер на Роберт
Левандовски, но оваа сума не е доволна.

„Баварците“ ќе почнат
да размислуваат за продажба на Роберт Левандовски само кога на маса ќе биде
ставена фиксна сума од 50 милиони евра.

Слични информации
изнесе и новинарот Флоријан Плетенбург, кој на Твитер напиша: „Работите се
немаат променето. Баерн сонува са сума од околу 60 милиони евра. Решение може
да се најде од 50 милиони евра па нагоре. Со помалку пари, Барселона практично
нема шанси“.

Останува да се
види дали „каталонците“ се подготвени на ваква инвестиција со оглед на тоа дека
Роберт Левандовски ја одработува последната година од договорот и наскоро ќе
полни 34 години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани