Баерн изедначи постигнување на Јувентус, Левандовски го реши Вердер и донесе нова титула (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Баерн Минхен се радува на титулата број 30,
вечерва избраниците на Ханси Флик триумфираа со 0-1 на гостуваето кај Вердер
Бремен и на две кола до крајот математички го обезбедија шампионскиот пехар.

Клучниот момент се случи на крајот од првиот дел, Роберт
Левандовски успешно избегна една офсајд стапица и ја затресе мрежата на
домаќините.

Со новиот успех, Баерн изедначи постигнување на Јувентус,
и стана вториот клуб од топ 5 првенствата во Европа со осум титули во низа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×