Баер Леверкузен се засили со тинејџер од европскиот првак!

by 24 фудбал
1 минути читање

Досегашниот фудбалер на Пари Сен Жермен, Аксел Тапе, ја напушти Франција и се пресели во Германија – 17-годишниот дефанзивец потпиша долгогодишен договор со Баер Леверкузен.

Германскиот клуб во своето соопштение потврди дека не платил никакво обештетување за младиот Французин, кој оваа сезона дебитираше за сениорскиот тим на ПСЖ. Своите први минути ги запиша во Купот на Франција против петтолигашот Епали, а потоа и двапати стартуваше во Лига 1 одигрувајќи по 90 минути против Стразбур и Монпеље.

Аксел Тапе е и младински репрезентативец на Франција, со два настапа за селекцијата до 18 години.

„Се работи за поливалентен дефанзивец кој има брзина, физички капацитет и добро ја чита играта. Веруваме во неговиот голем потенцијал“, изјави спортскиот директор на Баер, Симон Ролфес.

Леверкузен сезоната ја заврши на второто место во Бундеслигата и избори директен пласман во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани