Медиумите од Германија пренесуваат дека Баер Леверкузен го одбил предлогот вреден 130 на Ливерпул за услугите на Флоријан Вирц, популарните „фармацевти“ инсистираат на сума од 150 милиони евра.
Минатата недела се појавија информации кои велеа дека Ливерпул на маса ставил предлог тежок 130 милиони евра сосе бонуси за ангажман на Флоријан Вирц.
„Црвените“ веќе се имаат договорено со фудбалерот и се чини дека само прашање на време е кога ќе се реализира трансферот.
Сепак, Баер Леверкузен не попушта, последните написи на медиумите од Германија велат дека „фармацевтите“ ја одбиле и оваа понуда.
Баер Леверкузен инсистира да добие сума од 150 милиони евра, и доколку Ливерпул се сложи на една ваква сума, тоа ќе биде британски рекорд.