117
Азар се враќаше од повреда и влезе во текот на вториот дел од дуелот против Елче, се чинеше дека проблемите се зад него, но не е така.
Тој не се појави на последниот тренинг на Реал Мадрид, а Зидан на денешната прес конференција потврди дека станува збор за повреда.
„Тој нема да биде со нас на натпреварот против Аталанта, но оптимист сум, се надевам дека е некоја мала повреда“, изјави Зидан.
Реал Мадрид се уште не излегол со детали за оваа повреда на Белгиецот.