Од трансферот за
сума од 146 милиони евра во 2019 година, Еден Азар наследи бројни повреди кои
го оневозможија во целост да покаже што знае и умее во дресот на шпанскиот
гигант.
Изминатиов период
бројни шпекулации се поврзуваат со Азар околу неговата иднина, меѓутоа тој
тврди дека ќе остане во Реал Мадрид, каде, како што и самиот вели, ќе направел
големи работи.
„Не се гледам вон
Мадрид периодот кој претстои“ категорично изјави Азар.
„Имам три годишен
договор со клубот, а кога ќе бидам 100% подготвен ќе придонесам многу за овој
тим“ додаде тој.
„Точно знам што
треба да сторам, сега сум фокусиран на Европското првенство, но потоа ќе
направам многу големи работи за Реал Мадрид“ заклучи Азар.