Белгиецот се посочува како една од желбите на Зинедин Зидан и Флорентино Перез за новиот проект на Реал Мадрид, и многумина сметаат дека трансферот е практично завршена работа.
Весници блиску до „кралевите“ во неколку наврати пренесоа дека преговорите се финиширани и прашање е само на денови кога ќе пристигне официјална потврда.
Но по денешното реми на Олд Трафорд, Еден Азар како да навести дека останува на Стемфорд Бриџ.
Со бодот против Манчестер јунајтед, „сините“ сами одлучуваат за своето место во топ четири, и со две победи во последните две кола ќе ја завршат работата.
„Челси е еден од најголемите клубови во светот и мора секоја година да игра во Лигата на шампионите. И јас исто така сакам да играм во Лигата на шампионите. И ќе играме“ – порача Еден Азар