228
Еден Азар вечерва играше против својот поранешен клуб, Челси. Тој во игра влезе во текот на второто полувреме кога веќе беше 1-1.
„Можеше да биде и полошо, но можеше и подобро. Има реванш и ќе одиме таму и ќе се обидеме да победиме“, вели Азар.
Тој полека се враќа од повредата.
„Сакам само да одам чекор по чекор. Се разбирам, сакам да играм, сакам да бидам на теренот. Но на претходниот меч играв 15 минути, сега играв малку повеќе од тоа. Сакам само да одиграм уште неколку добри натпревари до крајот на сезоната, сакам да бидам подготвен за нив. Мојата кондиција е подобра, моето тело е подобро. Среќен сум што повторно можам да играм“.