Автогол на Хумелс го реши големото дерби меѓу Франција и Германија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Франција и Германија одиграа добар меч, на високо квалитативно ниво иако беше постигнат само еден гол, а тој беше автогол.

Клучниот момент се случи во 20. минута кога Хумелс си ја затресе сопствената мрежа за водство на Франција од 1-0 што беше и конечен резултат.

По десет минути игра во второто полувреме Рабио ја погоди стативата, а веднаш потоа Гнабри промаши од идеална ситуација.

Во 67. Мбапе постигна убав гол, но му беше поништен поради офсајд. Во финишот од мечот ВАР поништи уште еден гол за Франција, овој пат стрелец беше Бензема, но во офсајд повторно беше Мбапе кој асистираше при погодокот.

Французите до крајот ја одржаа предноста и се радуваат на голем триумф во групата на смртта.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×