Австриската
фудбалска федерација ги повика навивачите да не патуваат во Лондон за
пресметката со Италија во рамките на осминафиналето од Европското првенство, а
од таму потврдија дека се обиделе да го одложат мечот, но и истиот да биде
одигран на друго место.
Дуелот е
предвиден да се одигра во петок, но истиот донесе несигурност кај обете
селекции поради големиот бран заразени со ковид-19 во Англија изминатиов
период, поточно со делта сојот, кој воглавно е под контрола во остатокот од
Европа.
Истовремено, ако
се земе во предвид дека полуфиналната рунда натпревари, како и големото финале
од Европското првенство ќе бидат одиграни токму на Вембли, со дозволено
присуство за 60,000 гледачи, тензиите помеѓу УЕФА и европските влади се
интензивираат.