Австриецот кој беше претепан во Виена ја завршува кариерата?

by 24 фудбал
1 минути читање

Гуидо Бургшталер би можел да објави крај на кариерата откако беше жртва на физички напад во центарот на Виена.

35-годишниот напаѓач беше дел од тепачка со 23-годишно момче кое го претепа и си доби фрактура на черепот. Тој заврши во болница и неговата состојба беше доста сериозна откако удрил со главата во подот.

Според најавите од Австрија, Бургшталер можеби ќе биде приморан да ја заврши својата фудбалска кариера. Ветеранот веќе е на крајот на својот фудбалски пат, а периодот на рехабилитација нема да биде лесен и тоа е причина за повлекување, но се очекува официјална потврда.

Инаку, полицијата го уапси напаѓачот кој се предал сам за инцидентот кој се случи во шест наутро пред локална дискотека во Виена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани