Аврамовски го предводеше Вардар до победа во градското дерби со Работнички

by
1 минути читање

Вардар славеше
победа од 0-2 како гостин во градското дерби против Работнички, на мечот кој се
одигра на арената „Тодор Проески“ обата погодоци беа постигнати во вториот дел,
откако во првиот мрежите мируваа на обете страни.

Даниел Аврамовски
имаше одлична партија за „Црвено-црните“, а истиот играч ги постигна обата гола
за победникот, тој најпрво во 76. минута го отвори мечот на резултатски план,
за веќе во самата завршница да ги постави и конечните 0-2 од оваа пресметка.

Со овие три бода
Вардар (27) е лидер во шампионатот со три бода повеќе од Академија Пандев која утре
гостува кај Борец, што се однесува пак до Работнички, екипата од Дебар Маало е
во проблеми откако осамна на последната 10.та позиција на табелата со десет
освоени бода досега.

Фото-вест: fkvardar.mk (архива)

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани