Веќе извесен
период на Островот се шпекулира дека атмосферата во соблекувалната на Манчестер
јунајтед не е на посакуваното ниво, а самиот Немања Матиќ признава дека за сето
тоа да биде така влијаат резултатите на тимот, кои не се посакуваните.
„Атмосферата во
соблекувалната зависи од резултатите, секако дека кога има добри резултати
атмосферата е многу подобра, а сите се среќни во такви околности“ вели Матиќ.
„Сите знаеме дека
не сме на посакуваната позиција на табелата во Премиерлигата, а атмосферата со
самото тоа не е фантастична, но мораме да останеме позитивни и да веруваме до
самиот крај, сакаме да завршиме во топ четири“ додаде искусниот фудбалер од средниот ред.
„Атмосферата во
соблекувалната ќе зависи од резултатите, тоа е неизбежно, доколку ги оствариме
зацртаните цели можеби сите нема да бидат среќни, но на некој начин би биле
задоволни“ заклучи Матиќ.
Манчестер
јунајтед во моментов е на шестото место на табелата во Премиерлигата со 50
бода, четири помалку од четвртопласираниот Арсенал, кој воедно има и меч
помалку.