Атлетико Мадрид не го следеше примерот на другите клубови од Шпанија и преку социјалните мрежи не му честиташе на Реал Мадрид за титулата. Немаше честитка за кралевите ниту од Осасуна.
Но според „АС“, Атлетико Мадрид испратил официјални честитки од клубот до Реал Мадрид и Бетис кој го освои Купот на Шпанија.
Покрај официјалната честитка од клуб на клуб, директорите на Атлетико Мадрид лично им честитале на директорите на Реал Мадрид.
Иако во денешно време е вообичаено да се честита преку Твитер, Атлетико Мадрид не смета дека има обврска да го прави тоа, па честитките ги праќа на стар начин.
Во недела Атлетико Мадрид го пречекува Реал Мадрид во меч од Ла Лига, но засега најавите велат дека тие нема да го направат традиционалниот шпалир со кој ќе покажат чест кон шампионот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.