Големи се
очекувањата во составот на Барселона ова лето да има „чистка“, а на листата се
наоѓаат Жорди Алба, Серхио Бускетс, Серхи Роберто, Антоан Гризман, Филипе
Кутињо, како и Осман Дембеле.
Според пишувањата
на „АС“, 32 годишниот Алба има понуда од страна на овосезонскиот првак во
Примера, Атлетико Мадрид, а наводно Каталонците барем засега не се противат на
евентуалната преселба на бекот во редовите на ривалот.
Доколку се
остварат најавите, Алба би му се приклучил на својот екс соигрча од Барселона,
Луис Суарез, кој изминатата сезона со 21 гол и три асистенции беше клучен во
успехот на „Јорганџиите“.
Што се однесува
пак до Алба, тој има активен договор со Барселона со важност до 2024 година,
веќе девет години е дел од составот на Каталонците по трансферот од Валенсија
во 2012 година, сезонава запиша 35 настапи, на кои постигна три погодоци, но и
седум асистенции.