979
Тимот на Диего Симеоне во последните месеци ја загуби формата, почна да испушта бодови и им дозволи на Реал Мадрид и Барселона да се доближат до нив.
Но денешната претстава на Атлетико Мадрид дава јасно дознаење дека тие нема да го дадат лесно првото место.
Кореа и Љоренте постигнаа по два гола, еден даде Караско за убедлив триумф од 5-0.
Атлетико Мадрид судбината ја има во свои раце, до крајот имаат уште седум натпревари и ако ги добијат сите сигурно ќе ја освојат титулата, ако не, ќе зависат и од резултатите на Реал Мадрид и Барселона.