Атлетик Билбао ќе му биде противникот на Реал Мадрид во финалето од Суперкупот (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Денеска во Саудиска Арабија се одигра вториот полуфинален меч од шпанскиот Суперкуп.

Атлетико Мадрид влезе како фаворит против Атлетик Билбао, но тимот на Чоло Симеоне не успеа да обезбеди финале.

Тие поведоа во 62. минута со автогол на Симон, но не го задржаа водството.

Во 77. минута Алварез најпрво изедначи на 1-1, а четири минути подоцна Вилијамс погоди за комплетен пресврт и победа од 2-1 за Атлетик Билбао.

Финалето меѓу Реал Мадрид и Атлетик Билбао се игра во недела со почеток од 18 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×