Атанасов: Среќни сме за ремито, ама ништо не е завршено – мора да го победиме Казахстан!

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонската фудбалска репрезентација одигра храбро и со став против големата Белгија, ремизирајќи 1-1 на преполната арена „Тодор Проески“ во Скопје, во рамки на третото коло од квалификациите за СП 2026.

Иако против себе имаше селекција од самиот светски врв, Македонија не само што се носеше рамноправно, туку може и да жали што не дојде до цел плен со оглед на шансите и двете стативи погодени во текот на мечот. По натпреварот, Јани Атанасов го изнесе своето мислење.

Го отворивме добро натпреварот, бевме на висина на задачата и ги исполнивме обврските кои ги побара селекторот. Погодивме две стативи, за жал не успеавме да ја затресеме мрежата на Белгија, а потоа примивме несреќен гол. Најважно е тоа што се задржавме на ниво и што се одбранивме до крајот на првото полувреме. Во продолжение отидовме по првиот гол и среќни сме за ремито. Уште ништо не е завршено, се надеваме на триумф против Казахстан“, кажа Атанасов.

Македонија нема пораз на официјален меч веќе година и пол, а со оптимизам патува во Астана каде в понеделник ќе го одигра четвртиот натпревар од мундијалските квалификации.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани