Аталанта се надева на шок во Мадрид, Сити треба само да го удри печатот и да го завери четвртфиналето

by
1 минути читање

Реал Мадрид има предност од 1-0 од натпреварот во Италија, но Аталанта таму нема да отиде со бело знаме. Тимот под водство на Гасперини повеќе пати покажал дека може да одигра добар натпревар на било кој терен.

Тимот на Зидан е голем фаворит и големо изненадување ќе биде ако не се пласираат во четвртфиналето, но се очекува Аталанта да пружи отпор и да се обиде да направи чудо.

Задачата на Манчестер Сити би требало да биде уште полесна. Тие го пречекуваат тимот на Борусија Менехенгладбах со предност од 2-0.

Пеп Гвардиола посакува да докаже дека може да ја освои Лигата на шампионите и со друг клуб освен Барселона, Манчестер Сити оваа сезона игра речиси перфектно, а доколку ја одржи таа форма ќе биде еден од главните кандидати за големиот трофеј.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани