Аталанта организира различно патување и хотел за анти-ваксерите во тимот

by
1 минути читање

Додека
италијанската влада ги крои плановите околу финализацијата на правилата околу
фудбалерите кои не се вакцинирани, Аталанта е приморана да ги одвои
анти-ваксерите во својот состав за гостувањето кај Лацио, со различен хотел,
патување но и појадок.

Во теорија,
невакцинираните фудбалери не би имале можност за настап на натпреварите, ниту
пак да влегуваат во соблекувалните почнувајќи од 10 јануари.

Како и да е, „ЛЕко ди Бергамо“ пишува дека Аталанта веќе
организира две различни маршути за својот тим за гостувањето кај Лацио
претстојниов викенд.

Во октомври
ланската година беше објавено дека 98% од фудбалерите во Серија А се
вакцинирани, а според горенаведеното, се чини дека станува доста комплицирано
за клубовите по однос на оние фудбалери кои не отстапуваат од идејата да не се
вакцинираат како заштита од коронавирусот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×