Аталанта го победи Ајакс и се пласираше во осминафинале но може да остане без тренерот Гасперини (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Аталанта се
пласираше во осминафинале од ЛШ, и беше доволен и бод на гостувањето во Амстердам,
но на крајот со победа го завери настапот во нок-аут фазата.

Расплетот се
случи во финишот од мечот, Гравенберх заработи втро жолт картон и исклучување,
а „црно-сините“ со играч повеќе поведоа со голот на Муриел во 85. минута.

Останува да се
види дали Аталанта ќе се израдува на успехот во следните денови, денеска низ
медиумите од Италија кружеа гласини дека Гасперини ќе си поднесе оставка по
мечот против Ајакс.

Стратегот минатата
недела влезе во конфликт со капитенот Гомез и постои тензија во соблекувалната.

На вториот натпревар
од 18:55 часот, Митјиланд освои бод против Ливерпул. Салах донесе водство за
гостите уште во првата минута а Шолц од пенал во 62. минута изедначи на 1-1.

ВАР потоа им
поништи гол на домаќините поради офсајд, а во финишот спречи славје и на
Ливерпул, во оваа ситуација погодокот не беше признат поради игра со рака.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×