Аталанта ги урна сите надежи на Милан за Лига на шампиони (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Милан доживеа пораз на домашен терен во дербито со Аталанта, еден погодок во второто полувреме му донесе три бода на соседот од Бергамо.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Едерсон во 62. минута по една фантастична акција. Тоа беше погодок кој се покажа како клучен за победата на Аталанта.

Милан се обидуваше да избегне пораз, но тоа пред се беа јалови напади.

Милан по овој пораз и дефинитивно ги губи шансите за петтото место на табелата, тие сега се деветти со 51 бод, а на петтата позиција е Јувентус со 59 и натпревар помалку.

До крајот на сезоната има уште пет кола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани