Аталанта беше на чекор до победа против Јувентус, но Данило во судиското продолжение погоди и мечот заврши 1-1.
Во таборот на клубот од Бергамо имаат сериозни замерки за две ситуации. Сметаат дека Војчех Шчесни требаше да добие црвен картон кога надвор од својот шеснаесетник имаше контакт со Теун Копмајнерс, како и недосуден пенал по игра со рака на Де Лихт.
Гасперини е познат по тоа што често се буни на судењето, а и добива суспензии, клубот одлучи тоа да го направи директорот Марино.
На изјавата на Марино, му претходеше анализа на поранешниот судија Лука Марели кој се согласи со судиските одлуки, сметаше дека нема грешки.
„Можам да кажам само дека е среќа што Марели повеќе не е судија“, изјави нервозниот Марино по мечот.
„Ние имаме комплетно спротивно гледиште на инцидентот. Тоа беше чист црвен картон, и раката на Де Лихт исто така требаше да биде пенал“.
„Ајде да бидеме сериозни, оставете не да зборуваме за инцидентите, за тоа како се читаат на другите натпревари, а како на овој. Јас велам дека тоа беше чист црвен картон и чист пенал“.