Aталанта ѝ даде три гола на Венеција за половина час, Елмас асистираше (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Аталанта фуриозно го отвори натпреварот против Венеција, а македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се запиша меѓу најзаслужните за убедливиот почеток на тимот од Бергамо.

Домашниот состав поведе уште во четвртата минута преку Франк Кеси, а само две минути подоцна следуваше нов удар за гостите. Елмас изведе одличен корнер и прецизно го пронајде Крстовиќ, кој ја затресе мрежата за водство од 2-0.

Црногорскиот напаѓач продолжи во ист ритам и на истекот на половина час од натпреварот го постигна својот втор гол, зголемувајќи ја предноста на Аталанта на убедливи 3-0. Некоја минута подоцна гол постигнаа и гостите за 3-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×