Астон Вила сака, Џерард сака, останува уште Глазгов Ренџерс да даде зелено светло

by
0 минути читање

Се верува дека и Стивен Џерард сака да стане тренер на Астон Вила, работа во Премиерлигата е негово следно ниво во кариерата.

Астон Вила во наредните 48 часа ќе побара дозвола од Ренџерс да почне преговори со Стивен Џерард кои се очекува да завршат успешно.

Џерард има договор со Глазгов Ренџерс до 2024 година, но информациите велат дека за компензација од 2 милиони фунти тој ќе добие зелено светло од шкотскиот клуб кој е свесен дека местото на нивниот тренер е во поголема лига од шкотската. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×