Се чини дека
Арсенал повеќе не е примамлива опција за повеќето фудбалери, веројатно таков е
случајот и со 24 годишниот Емилиано Буендиа кој потпиша за Астон Вила по
трансферот вреден 40 милиони фунти.
Норич по само
една сезона мината во Чемпионшип брзо се врати назад во елитната Премиерлига, а
за тоа во голема мера помогна токму Буендиа кој запиша учинок од 15 погодоци,
односно 16 асистенции.
Многумина на
Островот овој потег на Астон Вила го сметаат како еден вид знак на клубот од
Бирмингем пред најавуваната продажба на првата ѕвезда во тимот, Џек Грилиш, за
кого се очекува да дојде до голема заработка од неговата продажба.
Астон Вила
изминатата сезона заврши на 11 позиција на табелата во Премиерлигата со 55
освоени бода, односно на седум бода од Тотнем на позицијата за излез во Европа,
поточно новото натпреварување Конференциска лига.